Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поднесени 12 претставки за сомнеж за труење со храна до АХВ
Македонија

Поднесени 12 претставки за сомнеж за труење со храна до АХВ

02/08/2023

AA

До Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) од почетокот на годинава досега се поднесени 12 претставки поврзани со наводи за сомнеж за труење со храна. Како што информира за МИА директорот на АХВ Николче Бабовски, пет од претставките се во постапување, а од претставките по кои е постапено, вкупно седум, три се неосновани.

Според Бабовски, три од пријавените сомнежи на труење со храна како претставки, се исто така пријавени и преку епидемиолошките служби на центрите за јавно здравство.

Како што информира директорот, во тек е истрага за сомнеж за труење со храна во детско одморалиште, како и постапка по сомнеж за труење во ресторан во внатрешноста.

-Oд почетокот на годинава досега, преку епидемиолошката служба од центрите за јавно здравје пријавени и спроведени се истраги за пет случаи на сомнеж за труење со храна. Врз основа на спроведените инспекциски контроли, утврдена е поврзаност на труење со храна во ресторан (изолирана бактерија салмонела во храна) за што на операторот му е изречена казнена мерка – глоба. Поради нехигиена и утврдено присуство на контактни површини и предмети и материјали кои доаѓаат во контакт со храна, изречени се казнени мерки на градинка од внатрешноста, иако од страна на епидемиолог не е докажан причинител на труење со храна. Присуство на бактерија стафилокока во брис од раце кај вработен и во примерок од храна е причина за потврдено труење со храна во скопски ресторан. Против операторот е изречена казнена мерка – глоба, вели Бабовски во разговор за МИА.

Тој информира и дека е во тек спроведување истрага за сомнеж за труење со храна во детско одморалиште каде кујната е веќе затворена и запечатена со лента, а издадено е и решение со времена забрана за вршење дејност „производство на храна“ и наредба за отстранување на констатираните недостатоци со контролата.

-Во тек е и постапка по сомнеж за труење во ресторан во внатрешноста на државава. Кујната во ресторанот каде била подготвена храната беше затворена, но, сите брисеви и земени мостри од храна одговараат на Правилникот за микробиолошки критериуми, поради што е забраната е укината, истакнува Бабовски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
Македонија

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски

29/09/2026
Македонија

ПОПЛАВА ВО ОБЈЕКТОТ НА ПОРАНЕШЕН НИП НОВА МАКЕДОНИЈА Повеќе државни

29/09/2026
Македонија

ДЕЛЕГАЦИИТЕ НА СДСМ ВО САД БРОЕЈА И НАД 50 ЛУЃЕ

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

БУГАРИЈА ЗА НЕКОЈ ДЕН ЌЕ ГИ ДОБИЕ ОСТАНКИТЕ НА ЦАР

29/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ РЕДОВНО ГУБИ НА ИЗБОРИ, ЗОШТО БИ САКАЛЕ НЕГОВА СМЕНА

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45864
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО Уапсени се четворица, по тројца

29/09/2026

Четири лица, сите државјани на Полска, се уапсени откако со четирицикли влегле во просторот на воените магацини во Тетово, а

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ, ОТКАКО ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА ГИ ПРОДАДЕ

29/09/2026

Поранешната влада сама прифати услов за промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции во евроинтеграциите, вели премиерот

ПРАШАЈТЕ ГИ ВО КРИВА ПАЛАНКА ДАЛИ СЕ ПРОТИВ АНТИМОНОТ Мицкоски го потсети СДСМ што побарал

29/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на СДСМ за проектот со антимонот кај Крива Паланка, тврдејќи дека опозицијата „си измислила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy