
Подготвиките при крај: Кампањата за локалните избори започнува в понеделник, дел од кандидатите потпишаа Кодекс за фер игра
Политичките партии и независните кандидати влегуваат во финалето на подготовките за претстојните локални избори, чија изборна кампања официјално започнува в понеделник. Во пресрет на стартот, дел од учесниците веќе ставија потпис на Кодекс за фер и демократски избори, со што се обврзаа на мирна и демократска кампања.
Со потпишувањето на кодексот, кандидатите уверуваат дека ќе се воздржуваат од говор на омраза и дека нема да вршат каков било притисок врз вработените во јавната администрација за време на изборниот процес.
Освен по градови, најавено е и потпишување на кодексот и во Државната изборна комисија, со што и институционално се потврдува заложбата за фер-плеј на сите учесници во изборите.

