
ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СНЕГ: Циклон носи обилни дождови во Македонија, а потоа нагло заладување – еве каде ќе побели
Македонија влегува во „жолта“ фаза. Под влијание на силна циклонска активност, времето во наредните денови драстично ќе се промени. Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува влажен бран кој ќе започне со обилни дождови и силен ветер, а ќе заврши со снег дури и во некои пониски места.
Промената започнува уште утре, кога се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 25 l/m²), особено во попладневните и ноќните часови. Ова ќе биде проследено со силен јужен ветер кој ќе дува со брзина од над 60 km/h.
Вистинската промена на температурите пристигнува во четврток. Поради продор на студена воздушна маса и засилен северен ветер, врнежите од дожд ќе преминат во снег:
На планините, особено во западните делови, ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во населените места на пониска надморска височина.
Во петок ќе имаме краткотрајно и преодно стабилизирање на времето. Меѓутоа, веќе за викендот, а особено во сабота, циклонската активност се враќа со нови локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во континуирано опаѓање.
И главниот град нема да биде поштеден.
