Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОДДРШКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПРОЕКТИ – КфВ сака да инвестира во Македонија, еве кои се можните инвестиции
Економија

ПОДДРШКА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ ПРОЕКТИ – КфВ сака да инвестира во Македонија, еве кои се можните инвестиции

23/08/2023

AA

Паркот на ветерни електрани Миравци, две фотонапонски електрани во кругот на ТЕЦ Битола, модернизација и надградба на комплексот Енергетика и соларна топлификација Битола. Ова се проектите за кои од КФВ банката изразија интерес за поддршка на реализација во нашата земја, соопштија од Министерството за финансии. 

На средбата помеѓу министерот за финансии, Фатмир Бесими со директорот на Секторот за Југоисточна Европа и Турција во КфВ, Клаус Милер беше разговарано тековното портфолио на проекти, како и идната соработка со банката. Тековно КФВ финансира проекти во вредност од речиси 200 милиони евра.

Министерот за финансии на средбата изрази благодарност за поддршката што Македонија ја добива од КфВ банката. Станува збор за програмата за наводнување во вредност од 80 милиони евра, ревитализација на хидроелектрани во вредност од 25 милиони евра, втора фаза од Ветерниот парк во Богданци со 18 милиони евра поддршка од КфВ банка, спроведување топлификација на Битола со 39 милиони евра од КФВ, енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во износ од 20 милиони евра и други.

– Поддршката која ја добиваме од КФВ банка за нас е од големо значење, а во моментов особено е значајна поддршката во секторот енергетика, која очекуваме да продолжи со уште поголемо темпо во иднина – истакна министерот Бесими.

Од КФВ банка исто така ја поздравија досегашната и изразија интерес на идна соработка, претежно во делот на енергетиката и одржливи извори на енергија.

KфВ развојната банка е дел од КфВ групацијата. Банката обезбедува долгорочен капитал и поттикнува инвестиции во инфраструктурата, финансиските системи и заштитата на животната средина. Нејзината мисија во РС Македонија е промовирање на одржливиот развој, поддршка на процесот на транзиција и поддршка за пристапување кон ЕУ. КфВ е активна во РС Македонија од 1992 година.

Германија е наш значаен поддржувач и партнер на нашиот пат кон евроинтеграција, како и наш најзначаен трговски партнер. Владата на Германија досега има инвестирано во земјава 500 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy