Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
Македонија

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост

16/06/2025

AA

За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули.

Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, Богородичен, Божикен), започнува од првата недела по Педесетница (Духовден), а бидејќи овој празник е со непостојан датум и зависи од Велигден, така и Петровденскиот пост трае различно. Некогаш шест недели, а некогаш само една недела и еден ден.

Целта на постот е да се исчистат духот и телото, што се постигнува не само со воздржување од мрсна храна, туку и од лоши мисли, зборови и дела. Телесниот пост подразбира воздржување од храна од животинско потекло, што значи од трпезата се тргаат месото, млечните производи и јајцата.

Поважниот пост – духовниот, според Православната црква, подразбира одрекување од секое зло и грев, воздржување од лоши помисли, зборови и дела, покајание и безрезервна љубов кон Бога и кон луѓето.

За Петровденскиот пост

Овој пост својот корен го има во древните времиња на Црквата. По сè изгледа тој првично претставувал пост за оние кои од некаква причина (на пр. патување) не постеле за Пасха, па затоа овој пост бил еден вид компезација за пропуштениот подвиг. Во Апостолските правила стои: „По неа (Педесетницата) празнувајте една седмица, па потоа постете, бидејќи е справедливо и да се веселите заради дарот Божји, но и да постите по олабавувањето“ (V,20). Според ова, овој пост во себе ја содржи идејата на засилување на подвигот по празничниот пасхален период, кога сме се опуштиле со храната.

Овој пост се утврдува кога во 4 век, од страна на светиот рамноапостолен Константин Велики, биле подигнати храмови во чест на светите првоврховни апостоли Петар и Павле во Константинопол и Рим. Осветувањето на константинополскиот храм се случило на денот кога се празнува споменот на овие апостоли и оттогаш овој ден почнал да се одбележува особено торжествено како на Исток, така и на Запад.

Почетокот на Петровденскиот пост е подвижен и зависи од празнувањето на Пасха (Велигден), а завршува со празникот на светите апостоли Петар и Павле (29 јуни/12 јули по нов стил).

Според прописите на Црквата, надворешната форма на овој пост, за разлика од Великиот, е поблага: (понеделник)[1], среда и петок е строг пост, во останатите денови е благословено да се јаде масло, а за викенди (сабота и недела) се дозволува и употреба на риба (можеби, како што велат некои, бидејќи апостолите биле рибари?); ако се падне празник во делничните денови се случува ублажување на постот за еден степен (ако е строг – се дозволува масло, ако е со масло – се дозволува риба); на Иванден (Раѓањето на св. Јован Крстител – 07.07.) се јаде риба, без разлика во кој ден и да се падне; ако има семејна слава, тогаш се разрешува употреба на масло, вино (=алкохол) и риба, во кој било ден и да се падне. Секако, со благослов на духовникот, ова правило може да се прилагоди (ублажи) во конкретни случаи.

Светите апостоли Петар и Павле биле толку различни: Петар бил необразован и сиромашен рибар, Павле бил син на богати и благородни родители, римски граѓанин со извонредно образование; Петар, маловерниот, трипати се одрекол од Христа, но горко се покајал и станал камен и основа на Црквата, Павле, најголемиот непријател на христијаните, кој жестоко се противел на Христа, подоцна станува најплодоносниот мисионер на Евангелието. Вдахновениот простак и избезумениот оратор, Петар и Павле, ја олицетворуваат духовната крепост и разум – двата најнеопходни мисионерски квалитета.

Овој пост веќе се исполнува во спомен и подражавање на светите апостоли, кои постеле пред да тргнат да го проповедаат Евангелието (Дела 13,3) и затоа тој има и мисионерска димензија.

[1] Строгиот пост во понеделник, како и воопшто постот во понеделник, е монашка традиција која постои од времињата на древните византиски манастири. Освен средата и петокот, монаштвото почнало да пости во понеделник, кој во богослужението на Православната црква е посветен на ангелите. Монашкиот начин на живот претставува ангелски начин (образ) на живеење, уподобување на бесплотните сили. Бидејќи традицијата на пост во понеделник е монашка, таа не би требало да биде задолжителна за сите православни христијани, како што и е обичај во многу црковни јурисдикции низ светот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy