Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЧНУВА ПАСИВНИОТ ПЕРИОД ЗА ФРИЗЕРИТЕ: За што го користат времето во ноември, јануари, февруари?
Економија

ПОЧНУВА ПАСИВНИОТ ПЕРИОД ЗА ФРИЗЕРИТЕ: За што го користат времето во ноември, јануари, февруари?

31/10/2023

AA

Преку лето обично
има многу свадби и веселби, а од ноември почнува пасивниот период за фризерите.
Во ноември, јануари, февруари, фризерите имаат помалку муштерии, поради што дел
од нив се посветуваат на посета на стручни семинари за да го надоградат своето
знаење.  

Димче Ивановски, претседател на Македонската Асоцијација
на фризери вели дека неговите колеги
посетуваат обуки во Италија и Турција, но и во земјава се одржуваат семинари.
Тој вели дека освен едукацијата на јутјуб која е лесно достапна, занаетчиите
мораат да се доедуцираат.

„Кога времето е постудено, тоа влијае на психата на луѓето, помалку
излегуваат, а знаеме дека луѓето се средуваат за да бидат видени. Во ноември,
јануари и февруари има помалку работа и тој период го користиме за едукација.
Јануари е месец кој има многу празници. По Велигден има повеќе работа. Потоа
следуваат матурите, во летото доаѓаат гастарбајтерите, има многу свадби. И со
другите занаетчии е слично во поглед на тој „пасивен период“. Мораме да ги
следиме трендовите затоа што секоја година фабриките вадат нови бои, нови
препарати“, рече Ивановски.

Тој додава дека во земјава има 4.000 до 5.000 фризески салони, но има и
фризери кои работат на „црно“.  Објаснува
дека трендовите ги диктираат развиените европски земји, од каде потекнуваат
многу козметички брендови, но и Турција не заостанува.

Анета Атанасовска од Занаетчиската комора Скопје вели дека се организираа обуки за формирање на цена и менаџмент на
фирма која ја водеа два германски експерти од Занаетчиска комора Кобленц на која
што освен фризери земаа учество и други занаетчии. 

„Во моментов организираме мајсторски испит за фризер и
козметичар, објавен е повик за мајсторски испит за фризер за сите занаетчии кои
исполнуваат услови и се заинтересирани да се стекнат со постсредно образование
мајстор фризер VБ ниво од Националната рамка на квалификација. Секцијата
на фризери постојано организира работни состаноци на коишто мајсторите фризери
презентираат новитети и техники на свои помлади колеги, со што вршат
пренесување на свои знаења и искуства на младите генерации“, рече
Атанасовска.

Фризерите велат дека во лето имаат многу
работа, а во зима е поинаку.

„Во јули и август имаше за 30 до 50
отсто повеќе работа за разлика од зимските месеци, баш поради свадбите“, вели
фризер од Гостивар.

Јована Гочевска, фризерка од Велес
објаснува дека има разлика меѓу летните и зимските месеци.

„Повеќе работа има во јули – август или
август – септември, а во зимските месеци е послабо. Јас сум фризер 30 години,
но посетував семинари во Белград, во Бугарија, а често има семинари и во
Скопје. Како и во секоја друга професија, мора да се учат нови работи“, рече
Гочевска.

Во времето на пандемијата на коронавирусот, фризерите имаа намален обем на
работа.

Сања Атанасовска

foto freepik.com/cookie_studio

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy