
ПОЧНУВА ЛИ ДА СЕ СМИРУВА ПАЗАРОТ НА НЕДВИЖНОСТИ – следува предвидлив период за цените на становите во Србија
Зголемените цени и пазарната неизвесност го одбележаа секторот на недвижности ширум светот во 2022 година. Високата побарувачка, повлекувањето на инвеститорите и се поскапите кредити целосно го нарушија пазарот и драстично ги покачија цените на квадратурата и закупот на недвижен имот. Сега, се чини, се појавуваат нови околности и тоа значи дека треба да очекуваме пресврт и на овој план.
По период на скокови на цената на квадратите и до 30 отсто, градежната активност забавува и во Србија. Се намалува бројот на одобрени градежни дозволи, инвеститорите стануваат повнимателни и тоа несомнено го менува односот понуда и побарувачка на пазарот, а со тоа и цената.
– По повеќе од 20 години поскапување на недвижностите, оваа година очекуваме пазарот да се смири. Пазарот на недвижности полека влегува во помирна фаза – изјави Борко Драшковиќ, директор на Републичкиот геодетски завод.
Тој потсети дека нагло поскапување имавме во периодот од средината на 2001 година до крајот на 2022 година.
– Сега очекуваме дека пазарот ќе се смири. Тоа не значи дека ќе има пад на цените на недвижностите, туку, како што вели, само ќе влеземе во мирен период што се однесува до пазарот на недвижности. Нè очекува многу предвидлив период – изјави Драшковиќ.
Блиц.бизнис

