
Почнува кампањата за парламентарните избори, претседателска кампања уште 5 дена!
Кампањата за Парламентарните избори почнува денеска, а со активности почнуваат партиите и коалиците со цел претставување на изборните програми и кандидатите за пратеници во шесте изборни единици.
Во тек се и активности за тековната кампања за Претседателските избори кои ќе траат уште само пет дена, кога започнува молкот.
Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартува парламентарната кампања во Скопје со настанот „Нема откажување од иднината“, а ќе има и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ традиционално ќе ја почнат кампањата со митинг во Охрид.
