
Почнува 4-дневното примирје меѓу Израел и Хамас
Во 7 часот утринава започна привременото 4-дневно примирје меѓу Израел и Хамас, откако беше одложено за еден ден.
Договорена е размена – исламистичката организација ќе ослободи 50 израелски заложници, а Тел Авив – 150 палестински затвореници.
Првата група од 13 затвореници ќе биде ослободена попладне, објави портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи (примирјето беше постигнато со посредство на Катар и САД).
Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари изјави дека Израел добил список со имиња на жени и деца кои ги држи Хамас, а кои се очекува да бидат објавени денеска.
Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант предупреди дека интензивната воена акција во Појасот Газа ќе продолжи уште најмалку два месеци по завршувањето на краткото примирје.
