Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЧНАЛ КАКО РИБАР, А НЕМАЛ НИТУ СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ЗАВРШЕНО: Сега за милијардерот од Скандинавија се гради наголемиот истражувачки брод
Економија

ПОЧНАЛ КАКО РИБАР, А НЕМАЛ НИТУ СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ЗАВРШЕНО: Сега за милијардерот од Скандинавија се гради наголемиот истражувачки брод

13/12/2024

AA

Во Норвешка се
гради најголемата јахта во светот. Станува збор за комбинација од истражувачки
брод и јахта, зад која стои Kjell Inge Røkke. Тој е еден од најбогатите
Норвежани, кој кариерата ја започнал како рибар кој не завршил ниту средно
училиште.

Норвешкиот
филантроп Kjell Inge Røkke трпеливо ја чека својата јахта, најголемата во
светот. Додуша, се работи за пловило кое е мешавина од јахта и истражувачки
брод, со акцент на второто.

Овој глобално прилично непознат милијардер се наоѓа на 821.
место на листата на „Форбс“ со богатство од 4,3 милијарди долари. Кариерата ја
започнал како млад 18-годишен рибар без завршено средно или високо образование.
Работејќи на рибарски бродови на Алјаска, по шест години успеал да собере
капитал за да купи 21-метарски рибарски брод. На почетокот не му одело баш
најдобро, но работите тргнале на подобро кога, со помош на Роберт Бресковиќ,
американски бизнисмен со хрватско потекло, вложил во подобар брод. Подоцна, со
помош на Бресковиќ, неговата флота растела, па основал рибарска компанија American Seafoods Company во
Сиетл.

Ловејќи риба на Алјаска,
успеал да се збогати, по што се вратил во Норвешка. Ги обединил своите компании
во норвешко-американската групација Resource Group International (RGI), а
потоа, со купување на удели, станал најголем акционер во компанијата Aker. Ги
споил овие компании и создал холдинг Aker RGI ASA, чиј директор е и денес.
Голем дел од приходите на овој холдинг, кој само во Норвешка вработува околу
18.000 луѓе, доаѓаат од нафта и гас.

Незадоволен од високите даноци, во 2022 година се преселил
во Швајцарија, за што ги информирал акционерите на компанијата. Рекол дека
времето на пандемијата со Ковид-19 покажало дека работата може да се извршува и
од далечина, поради што преселбата не би требало да влијае на неговото
управување со фирмата. Својата вила во Норвешка, вредна 8,5 милиони евра, тогаш
ѝ ја подарил на својата поранешна сопруга и децата.

Вети дека ќе донира половина од богатството

Dmarge.com
известува дека Røkke ветил дека ќе донира половина од своето богатство за
заштита на животната средина. Во таа насока се движи 195-метарскиот REV Ocean,
вреден половина милијарда долари. Овој брод е именуван по истоимената
иницијатива што ја започнал Røkke, а ќе биде посветен на истражување на морето
и зачувување на океаните. Може да прими 60 научници и 30 членови на екипажот во
конфигурацијата на истражувачки брод и 36 гости и 54 членови на екипажот во
конфигурацијата на јахтата.

Опремен е со
кино, теретана, џакузи и конференциска сала, бродот го придвижуваат четири
дизел-електрични мотори кои сепак обезбедуваат максимална брзина од 18,5 јазли
и опсег од дури 21.000 наутички милји или 38.900 километри, што е само малку
помало од обемот на Земјата на екваторот.

Изградбата на REV
Ocean започна во 2017 година, но во еден момент испораката беше одложена.
Според некои медиуми, јахтата ќе биде испорачана во февруари 2025 година, но
рекламите за екипажот откриваат дека дури тогаш ќе следи период на средување и
подготовка за прво испловување. Во нив како датум на претставување на бродот е
наведена средината на 2026 година.

Еколошката
компонента на бродот е силно застапена. Меѓу другото, ќе има и еколошки
пластичен инсинератор каде ќе исчезнат најголемиот дел од штетните гасови. При
презентацијата на плановите за негова изградба се разговараше и за опцијата за
собирање микропластика од морето. Røkke се збогатил благодарение на морето, па
сака да врати дел од парите преку негова заштита.

фото: EPA/Lien, Kyrre

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy