Почнаа откази и во Втора лига, Осогово се раздели со Илиевски
Чашата ја прели убедливиот пораз од Кожуф каде Осогово загуби со 4-1.
„Управата на ГФК Осогово и шефот на стручниот штаб Добринко Илиевски спогодбено се договорија за прекин на соработката. ГФК Осогово му благодари за досегашниот аганжман и му посакува успех во понатамошните тренерски води“, стои во соопштението на Осогово.
Осогово прв од второлигашите се реши за тренерска смена. За разлика од втората лига, во првата Вардар веќе двапати менуваше тренер, а по еден отказ поделија и Шкупи и Брера.