
Почнаа гужвите на „Богородица“ и „Табановце“
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Се бележи поголем интензитет на сообраќај на граничните премини Богородица и Табановце. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.