Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почна увидот во избирачкиот список
Македонија

Почна увидот во избирачкиот список

28/02/2024

AA

Во Државната изборна комисија од денеска почна увидот во избирачкиот список. Сите граѓани можат да проверат по електронски пат или директно во канцелариите на ДИК.

Сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да извршат увид во своите податоци во избирачкиот список, тоа да го направат по електронски пат на официјалната веб страна на Државната изборна комисија (ДИК), http://www.sec.mk или на следната адреса: https://izbirackispisok.gov.mk или лично во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата.

Барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во Избирачкиот список се поднесува писмено во подрачното одделение или канцеларијата на ДИК на подрачјето на живеење, или по електронска пошта на ДИК на следната адреса: [email protected].

Подрачните одделенија и канцелариите на ДИК за време на траењето на јавниот увид, ќе работат секој ден во периодот од 8 до 20 часот, вклучително во деновите сабота и недела, како и за време на празници, а на 18 март 2024 година до 24 часот.

Истовремено продолжуваат роковите за собирање потписи за кандидатите за претседател и за пратеници, како и за поднесување барања за гласање на нашинците од дијаспората.

„Во инетерес на транспрентноста на изборниот процес, апелираме граѓаните да го искористат правото и да ги проверат своите податоци. Согласно Роковникот и Изборниот законик, податоците за Избирачкиот список се ставени на увид со состојба од денот на распишување на изборите, 14 февруари, а по јавниот увид, ако има основани барања за одредени промени, ДИК соодветно ќе постапи“, истакна на вчерашната седница членот на ДИК, Борис Кондарко.

Тој потсети дека адресите на подрачните одделенија и канцеларии се наведени на веб страницата на ДИК, како и дека скоро сите се сместени во седиштата на локалните самоуправи на општините.

Тоа се истите подрачни одделенија и канцеларии каде во моментов тече постапката за собирање потписи.

„Покрај непосреден, јавен увид во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК, граѓаните може да направат увид и на нашата веб страница https://izbirackispisok.gov.mk/,  додека непосредно во подрачните одделенија може да поднесат писмени барања за запишување, дополнување или бришење на нивните податоци во Избирачкиот список – ако некој граѓанин не е запишан во Избирачкиот список или ако е запишан, а нема избирачко право или нема живеалиште на подрачјето на општината, ако некое лице е починато во меѓу време, ако е сменета адресата или личното име, односно ако се неправилно запишани“, објасни Кондарко.

За текот на увидот и бројот на граѓани кои ќе извршат увид, ДИК ќе информира на дневна основа и постојано ќе апелира граѓаните да го искористат ова свое право во интерес на изборниот процес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy