Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почна спроведувањето на симулациската вежба за справување со болеста чума кај малите преживари
Македонија

Почна спроведувањето на симулациската вежба за справување со болеста чума кај малите преживари

25/03/2025

AA

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ)  во соработка со Организацијата за храна и земјоделство на Организацијата на Обединети нации (FAO), денес почна со реализација на активностите во рамки на симулациската вежба за болеста чума кај мали преживари, која ќе се одржи од денес до четврток. Цел на вежбата, на која учествуваат претставници од АХВ, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ветеринарната комора на РСМ, Факултетот за ветеринарна медицина од Скопје, експерти од Европската унија и членовите на Сојузот на здруженија на одгледувачи на овци ’’Модерен овчар”, е да се утврдат добрите и слабите страни на одговор при евентуална појава на болеста, која е предмет на планови за итни мерки на АХВ.

На Факултетот за земјоделски науки и храна денес се одржува првиот теоретско- практичен дел од симулациската вежба, а утре, во с. Брњарци, општина Гази Баба, ќе се одржи теренскиот дел од вежбата.

-Ја информираме јавноста и месното население од село Брњарци и околните населени места дека теренските активности кои ќе бидат преземени утре се исклучиво во рамки на предвидените за реализација на симулациската вежба. Не станува збор за реална ситуација и појава на жариште на болеста чума кај малите преживари, туку само вежба за превенција и оценка на ефикасноста на постоечкиот систем за заштита од болеста, рече директорот на АХВ Оливер Миланов на отворањето на симулациската вежба.

Болеста, истакна тој, од минатата година е присутна во регионов и Европа и таа кај нас како институција го вклучи алармот сериозно да се посветиме на нејзина превенција. Во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна лани одржавме серија работилници низ земјава со одгледувачите на ситен добиток и  заедно алармиравме  да се зајакнат биосигурносните мерки на фармите.

-Во рамки на оваа вежба, практично и теренски  ќе бидат споделени најдобрите практики и искуства за справување со болеста која и сега, дури и на големите развиени економии создава сериозно големи удари врз добиточниот фонд и предизвикува големи економски штети – рече Миланов.

Како држава, засега успеваме да го спречиме ширењето на болеста кај нас, за што, потенцира тој, изразувам благодарност и до одгледувачите на добиток, нивните здруженија и до науката. “Заедно успеваме засега да се одбраниме од болеста која, многу брзо и многу лесно во услови на динамична економија во европски и светски рамки, може да ја афектира и нашата земја. И досега ја потврдивме исклучителната и блиска, но професионална соработка со сите вклучени во системот за заштита од појава и спречување од ширење на болеста чума кај малите преживари како болест од А категорија која бара спроведување на исклучително високи стандарди и мерки за заштита” – истакна тој.

Миланов изрази благодарност до европските експерти кои на вежбата ќе го споделат искуството и најдобрите практики за справување со болеста чума кај малите преживари но и уверување дека во иднина биосигурносните мерки на фармите ќе бидат подигнати на уште повисоко ниво.

По спроведување на вежбата ќе се направи евалуација на  подготвеноста на Агенцијата за храна и ветеринарство за одговор при појава на болеста, а ќе се реализираат активности за подобра подготвеност на институциите и засегнатите страни при појава на особено опасни заразни болести како што е болеста чума кај мали преживари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy