
Почна незадоволството од судењето: Тиквеш бара Пилешков повеќе да не суди Прва лига!
Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој стои зад финансирањето и управувањето со клубот, крајно револтиран од арбитражата на Пилешков, најави дека Тиквеш официјално од ФФМ ќе побара Пилешков да не дели (не)правда во македонското елитно натпреварување.
„Пред сè големи честитки до сите играчи и раководството на ГФК Тиквеш. Ова беше еден борбен натпревар во кој покажавме дека нашите играчи се подготвени за понатамошни победнички натпревари. Честитки и до противникот ФК Шкендија за денешната победа. Но она што остави белег на денешниот натпревар е катастрофалното судење на судијата Димитар Пилешков кој дефинитивно не заслужува да суди во Првата фудбалска лига. Управата на ГФК Тиквеш ќе побара од Фудбалската федерација овој судија во иднина да не биде присутен на натпреварите од првата фудбалска лига“, објави Јанчев во својата реакција.
