
Почна изборната кампања
Вечерва почна изборната кампања за првиот круг од претседателските избори кои се закажани за 24 април.
Кампањата ќе трае 20 дена, а во трка се седум кандидати.
На овие избори учествуват актуелниот претседател Стево Пендаровски поддржан од СДСМ, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ, Билјана Ванковска од „Левица“, Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“, Бујар Османи од коалицијата „Европски фронт“, Стевчо Јакимовски од ГРОМ, и Максим Димитриевски од „Движењето ЗНАМ – За наша Македонија“.