
Почна истрага и против новинарот кој ги објавуваше имињата на обложувачите!
Во изминатите денови Италија ја тресе скандал со фудбалери кои се обложувале, а во центарот на вниманието е новинарот Фабрицио Корона кој ги објавува имињата.
Проблемот за новинарот кој важи за контроверзен лик во Италија кој веќе бил зад решетки, е дека сите имиња кои ги кажува не се инволвирани во обложување.
Засега ги погоди Фаџоли и Тонали, но не и Заниоло, Ел Шарави, Залевски…
Сите тие најавија тужби за Корона, а дел од нив веќе и ги поднесоа, па според италијанските медиуми почната е истрага против новинарот.