
Почитувајте ги сообраќајните знаци: Овие семафори нема да работат во недела
Од ЈП Улици и патишта информираат дека во недела на крстосницата булевар Водњанска со улица Васил Ѓоргов, екипи на ЈП “Улици и патишта ” задолжени за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе започнат со активностите за преместување на семафорскиот уред и од 9 часот утрото, па се до завршување на активностите семафорите привремено нема да работат.
На овој потег ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и сообраќајот ќе биде регулиран со асистенција од сообраќајната полиција.
ЈП Улици и патишта Скопје апелира за внимателност во сообраќајот и за трпение на граѓаните кои ќе сообраќаат во овој дел од градот.
