Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина Звонко Шаврески, лидер и борец за човековите права
Македонија

Почина Звонко Шаврески, лидер и борец за човековите права

24/11/2023

AA

Почина Звонко Шаврески, член на Управниот одбор на „Полио Плус – движење против хендикеп“.

-Денеска се простивме од нашиот лидер и борец за човековите права. Денеска, движењето за независно живеење загуби еден од своите пионери, Звонко Шаврески. Македонија загуби еден од водечките сили на движењето за независно живеење за лицата со хендикеп, во Македонија и на регионално и меѓународно ниво. Инспиратор кој со својата иновативност го започна движењето за независен живот за лицата со попреченост. Непоколеблив активист кој со својот шарм беше гласноговорник за промените кои треба да се направат во Македонија и во светот за заедницата со хендикеп да може да ги ужива своите права на еднаква основа со другите, информираат од „Полио Плус – движење против хендикеп“.

Посочуваат дека Шаврески преку својата музикалност и поетичност, борбеност и посветоност повикуваше на промени. Од Здружението потенцираат дека неговата активност и заложба за владение на правото ја врамија нашата земја и на меѓународна сцена како креатори и придонесувачи кон креирањето на меѓународните документи, особено во создавањето на ООН Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.

-Со покренување на првата граѓанска иницијатива „Мојот потпис е Закон“ заедно со својот тим ги охрабри граѓаните во Македонија да ги бараат своите права преку механизмот на граѓанската иницијативи. Следеќи ја визијата за општество каде граѓаните со хендикеп ќе бидат независни и самостојни, неговите трудови, песни и иницијативи ќе останат сведоштво за постојаната борба за човековите права, борбата за еднаквоста и недискриминацијата. Македонија и идните генерации со и без хендикеп му должат многу на Звонко. Сè што знаеме научивме од неговиот глас, и од неговата посветеност и ќе ни биде поттик за сите заедно да ја продолжиме нашата борба: Ништо за нас без нас! Почивај во мир Звонко!, соопштија од „Полио Плус – движење против хендикеп“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy