
Почина Зоран Димоски – Заев: Изгубивме соборец за Слобода и Демократија
Почина Зоран Димоски од Битола, еден од похрабрите и поистакнати членови на „Шарена револуција“.
Димоски беше многу активен на социјалните мрежи и постојано се бореше за промени во општествениот живот. Во последните месеци тој споделуваше и податоци за неговата лична здравстена борба, во која за жал не успеа да победи.
Поранешниот премиер Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави за трагичната загуба и вели дека прерано и подмолно го земала таа проклета болест.
„Изгубив другар од времето на Шарената револуција кој остана мој другар сите овие години, а сите заедно изгубивме соборец за Слобода и Демократија. Зоране, твојата верба, искреноста и посветеноста кон заедничката кауза ќе ја пренесуваме и шириме секој ден, сеќавајќи се на другарството со тебе. Ти си човек за кој е резервирано посебно место на македонскиот демократски пиедестал. Почивај во мир“, напиша Заев.

