Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина Викторија Поп-Стефанија
Македонија

Почина Викторија Поп-Стефанија

21/02/2025

AA

Викторија Поп-Стефанија (13 јули 1945 година – 20 февруари 2025 година) е родена во Охрид, во семејство со богата творечка традиција. Матурира во охридската гимназијата „Свети Климент Охридски“ во 1964 година. Студирала на Архитектонскиот факултет во Белград, а потоа и во Скопје, каде што дипломира во 1969 година на тема: „Духовниот и културен центар Свети Климент Охридски на Плаошник во Охрид“, кај проф. Борис Чипан.

Како бележит архитект со импозантен опус од околу триста проекти и студии, Викторија Поп-Стефанија ја збогати македонската и европската ризница со незаобиколни и архетипски вредности. Оргиналноста на нејзините креации е наградена со бројни признанија, меѓу кои најзначајни се: „Борбина плакета“ за хотел „Метропол“ во Охрид во 1975 година; „Специјално признание на БИМАС“ за реконструкција и ревитализација на „Рибен ресторан“ во Охрид во 1979 година и „Специјално признаниена БИМАС“ за ентериерното решение на хотелот „Молика“ на Пелистер, Битола во 1995 година.

Целиот опус на Викторија Поп-Стефанија е обележан од автентичен контемплативен однос кон православниот христијански светоглед. Таа е творец на просторни креации за обликување и воздигнување на храмовите: „Св. Димитриј Солунски“ и „Св. Григориј Палама“ во Струмица; „Св. Прохор Пчински“ во Мелбурн, Австралија;  „Св. Богородица“ во Демир Хисар и др.

Покрај примарниот интерес за архитектонско проектирање, своето професионално знаење и искуство Викторија Поп-Стефанија го преточува и во две капитални теоретски студии „Логосот во архитектурата“ и „Обликот на храмот“ во кои таа, поаѓајќи од својот творечки опит, нуди промислување на архитектонските феномени со есеистички јазик.

Според академик Георги Старделов: „Делото „Обликот на храмот“ од нашиот виден архитект, Викторија Поп-Стефанија – како продолжување на нејзината претходна книга „Логосот во архитектурата“ – е оригинално замислено, длабокоумно обмислено и вдаховено напишано. По својот широк содржински зафат (продлабочена егзегеза на Светото писмо) и долгиот временски опфат (проследување на историјата на облиците на храмот од создавањето на Стариот завет и, милениуми потем, од Новиот завет до денес), „Обликот на храмот“ на Викторија Поп-Стефанија претставува прво такво дело во историјата на македонската култура. Тоа се гради и воздигнува врз столбовите на боговдахновените содржини на Светото писмо: Светот е создан како Божји храм, Божјиот храм како светот.“

Проф. д-р Иван Додовски за ова книга истакнува: „Има многу дела во кои се истражува христијанската архитектура во Македонија и во поширокиот регион, но книгата на Викторија Поп-Стефанија „Обликот на храмот“ е редок пример на промислување на архитектонските феномени со еден богословски поглед, со ерудиција и критичност, со способност за трансисториска синтеза. Тоа ја прави оваа студија уникатна, но и незаобиколна за секој што сака да проникне во тајните и во наследството на православната византиско-словенска култура.“

Интересот на Викторија Поп-Стефанија беше свртен кон важните прашања на слободата во творештвото и односот кон традицијата. Таа особено компетентно го илустрира тоа во нејзината трета студија „Охридската урбана иконографија“, која претстои да се објави.  Во овап оследно нејзино дело таа го анализира процесот на создавање на сликата на градот според универзалните и првообразни вредности, откривајќи ја логосната димензија на историското јадро на вечниот град Охрид.

Во рецензијата за ова дело, проф. д-р Елизабета Шелева вели: „Охридска урбана иконографија е автентично замислен и слоевит херменевтички труд, кој хронолошки ја истражува и типолошки ја опишува идиосинкратичната магија на градот, изворно граден според парадигматичниот урбан модел на империјалната престолнина Константинопол, иако, подоцна, стана популарен и познат како (словенски) Ерусалим или Ерусалим на Балканот …   Во време (епоха), кога нашироко се манифестира (та дури и свесно се стимулира) нарцизмот и егзибиционизмот, една авторка, каква што е  Викторија Поп-Стефанија – се „дрзнува“ да глаголи на сосема инаков начин, за да нé потсети на аскетско-мистичниот опит на архитектот и архитектурата, односно, на спиритуалната предодреденост и мисија, својствена на архитектонскиот пристап, што денес, за жал, најмалку се вреднува, а одвај и да се дозволува!“

 

Како што соопшти нејзиното семејство, Викторија Поп-Стефанија ќе биде погребана денес, петок, 21 февруари, во 12 часот, на градските гробишта во Охрид.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy