Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина трактористот по сообраќајката со камион што носеше јаглен за РЕК „Битола“
Магазин

Почина трактористот по сообраќајката со камион што носеше јаглен за РЕК „Битола“

21/05/2024

AA

 

БИТОЛА – По два дена борба за живот, почина 71-годишниот тракторист Благој Талевски од пелагониското село Новаци, кој настрада во сообраќајката со камион што носеше јаглен за РЕК „Битола“.   Жителите на пелагониската општина Новаци за денес најавуваат протест на сообраќајницата што води низ селото до термоцентралата РЕК „Битола“ , односно на патот Битола-Маково, со  блокада за движење на камионите кои сообраќаат кон и од комбинатот.

Несреќата се случи на 17 мај во претпладневните часови, кога според кажувањата на жителите на Новаци, камион што носел јаглен за РЕК „Битола“ го зафатил трактористот со приклучната механизација и го фрлил од коловозот, по што земјоделската машина се превртувала неколку пати.

„Ова се случи пред мои очи, камионот го престигнуваше тракторот и со задната страна со закачи тракторот и го влечкаше десетина метри. Тракторот се испреврте, а возачот остана под него“, раскажува Александар, очевидец на несреќата. 

Повредите за трактористот беа тешки, веднаш беше хоспитализиран во Битолската клиничка болница, но им подлегна на повредите.

Официјално полицијата извести дека сообраќајката се случила на 17 мај во 12,16 часот помеѓу товарно возило „волво“ со полуприколка со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.Т. (50) од Кавадарци и трактор со приклучна земјоделска работна машина со битолски регистарски ознаки, управуван од Б.Т. (71) од Новаци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот.

Жителите на Новаци, во континуитет се жалат на фреквенцијата на товарни возила низ селото откако јагленот за РЕК „Битола“ се носи со камиони. Револтирани се на брзото возење и непочитувањето на дозволената брзина на патот низ населеното место, особено што оваа сообраќајница минува низ селото Новаци, а на патот поминуваат и учениците од основното училиште.

За денес во 14 часот, граѓаните на општина Новаци, најавија блокада на патот Битола – Маково кај полициската станица со цел како што пишуваат: „Да се покаже револтот на граѓаните на Општина Новаци за камионите кои се движат со неконтролираната брзина по регионалниот пат Битола-Маково“. (А.Б.)

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy