Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина професорот Владимир Цветковски
Македонија

Почина професорот Владимир Цветковски

06/08/2025

AA

На 5 август 2025 г. почина истакнатиот професор, научник и книжевен преведувач Владимир Цветковски. Роден е во 1934 година во Битола, каде завршил основно и средно образование. Редовните студии по англиски јазик и книжевност ги завршил во 1959 г. на Филолошкиот факултет во Нови Сад, а магистрирал во 1964 г. на Пенсилванскиот универзитет во Филаделфија, САД. Докторирал на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје во 1975 г. со докторската дисертација под наслов: Сложени именки во англискиот и македонскиот јазик- контрастивка анализа. Во академската 1975/76 г. престојувал на Универзитетот во Чикаго, САД, на постдокторски студии.

Цветковски се вработил на тогашниот Филозофски факултет во Скопје во 1961 г. како хонорарен лектор, а во 1962 г. бил избран за асистент по англиски јазик на Катедрата за англиски јазик и книжевност. По стекнувањето на научниот степен доктор по филолошки науки бил избран за доцент, вонреден професор и редовен професор на Филолошкиот факултет во Скопје.

На Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, Владимир Цветковски изведувал настава по предметите Историја на англискиот јазик и Англо-американска цивилизација, а исто така држел и вежби по предметот современ англиски јазик, часови по предметот Техника на преведувањето, како и вежби по преведување од англиски на македонски јазик. Покрај наставата не матичната Катедра, изведувал и настава по англиски јазик на повеќе факултети на Универзитетот во Скопје (Медицински, Електромашински, Филозофски и др.)

Владимир Цветковски повеќепати на подолго време престојувал во земјите од англиско говорно подрачје, посебно во САД. Така, по завршувањето на студиите престојувал на постдипломски студии на Пенсилванскиот универзитет во Филаделфија, а 1975/76 г. на Универзитетот во Чикаго. По изборот во звањето редовен професор, две учебни години, 1985/856, престојувал на Државниот универзитет во Портланд, Орегон, САД, каде држел настава по македонски јазик, г. Од учебната 1991/92 г. изведувал настава по предметот Историја на англискиот јазик на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш.

На Филолошкиот факултет во Скопје, Владимир Цветковски активно учествувал во работата на сите управни тела на Факултетот. Бил член на Извршниот одбор, член на Факултетскиот совет, продекан за настава во периодот 1980/82, декан на Филолошкиот факултет во периодот 1989/91 г.

Владимир Цветковски бил член на повеќе научни асоцијации и сојузи во земјата и странство, како што се: Друштвото на наставници по странски јазици, Југословенското здружение за применета лингвистика, Југословенско Шекспирово друштво – секција за Македонија, Југословенско-канадско друштво за литература и култура (претседател 1989/90), Асоцијацијата за австралиски студии и Друштвото за наука, Битола.

Владимир Цветковски активно учествувал на научни собири со реферати. Тој се занимава со прашања од областа на јазикот и книжевноста, книжевните и културните врски, како и со преведувањето. Тоа опфаќа студии и статии, осврти и прикази, преводи од англиски на македонски и од македонски на англиски јазик. Неговата научна и стручна активност се огледува во неговите трудови од областа на јазичната проблематика, теоријата на преведувањето, културните и книжевните врски на Македонија со земјите од англиското јазично подрачје.

Во видокругот на неговото внимание се наоѓа книжевноста или одделни писатели од повеќе земји од англиско говорно подрачје (Австралија, Канада, САД), најчесто, но не и исклучиво, кога се во врска со македонската книжевност или Македонија. Во поглед на јазичните дисциплини неговото внимание е насочено на контрастивно изучување на англискиот и македонскиот јазик (транскрипција, хомонимија и полисемија, сложенки со редупликација), но и на јазикот како носител на културата.

Со својата педагошка, научна и преведувачка дејност, професорот Владимир Цветковски остави траен влог во развојот на англистиката, филологијата, како и во македонската култура и нејзиниот дијалог со светот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy