
Почина проф. д-р Самир Салиевски
Од Американсиот универзитет на Европа-ФОН споделија тажна вест за смртта на нивниот професор д-р Самир Салиевски.
Како што велат, Салиевски бил ценет колега и значаен дел од академската заедница на Универзитетот, кој со својата стручност, посветеност и професионален ангажман остави траен белег и даде значаен придонес во развојот на високото образование.
„Неговата професионалност, интегритет и човечност ќе останат во сеќавањата на колегите, студентите и сите кои имаа чест да соработуваат со него. Изразуваме искрено сочувство до неговото семејство, блиските и пријателите. Нека почива во мир, а неговото дело нека продолжи да живее“, велат од ФОН.

