
Почина проф. д-р Јован Таковски – „теолог, свештеник, научник, преведувач и согласно делата, го заслужува и епитетот вистински македонски патриот“
Почина проф. д-р Јован Таковски.
Директор во Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи Даријан Сотировски на својот Фејсбук профил објави последно збогум за Таковски.
„Збогум за проф. д-р Јован Таковски (1942-2023). Изразувам искрено сочувство до фамилијата Таковски и до Македонската православна црква за оваа загуба. Отец Јован беше еминентен теолог, свештеник, научник, преведувач и согласно делата кои ги остава го заслужува и епитетот вистински македонски патриот. Во надеж дека помеѓу многубројните негови ученици се и многумина достојни наследници на неговиот пат, ја изразувам мојата благодарност и чест што имавме можност да биде помеѓу нас“, напиша Сотировски.
