
Почина познатиот скопски бизнисмен
Со длабока тага Автокоманда и цела Гази Баба денеска се простуваат од својот сограѓанин Боби Ле Петит (Стојковиќ). Веста за неговата смрт одекна болно во локалната заедница, каде што важеше за синоним за хуманост, добрина и искрено пријателство.
Неговото заминување остави празнина во срцата на сите што го познаваа. Според блиските, тој водел тешка животна битка, борејќи се до самиот крај, но за жал, болеста била посилна.
Со емотивна порака на социјалните мрежи се огласи и градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој истакна дека за Боби никој немал лош збор.
Градоначалникот упати сочувство до семејството Стојковиќ, нагласувајќи дека ова е загуба за целата населба.
