
ПОЧИНА МАТУРАНТОТ ВУКАШИН – ТОЈ Е Е 16-ТА ЖРТВА ОД ТРАГЕДИЈАТА ВО НОВИ САД: Не издржа по 4 месеци и 20 дена борба за живот
Момчето кое беше тешко повредено при уривање на настрешница на
Железничката станица во Нови Сад, почина по четири месеци и 20 дена борба за
живот, станувајќи 16-та жртва на оваа трагедија која со месеци предизвикува
протести на студентите и граѓаните во Србија.
Станува збор за Вукашин Црнчевиќ, 18-годишен матурант кој на
27 јануари беше префрлен на ВМА од Универзитетскиот клинички центар во
Војводина, каде неговата состојба беше критична, но стабилна.
Од младиот човек денеска се простија студенти и професори од
економското училиште „Светозар Милетиќ“ каде Вукаќин учеше, како и бројни граѓани на Нови Сад.
На училишната зграда беше истакнато црно знаме, а
социјалните мрежи беа преполни со пораки на сочувство.
Во знак на сеќавање, денеска на повеќе локации во градот се
одржа 16 минути молчење – по една минута за секоја изгубена жртва во трагичната
несреќа.