
Почина легендарниот НБА центар, Бил Волтон!
Волтон е драфтуван во 1974 година од Портланд каде одигра пет сезони и освои една титула, беше прогласен за МВП на регуларниот дел од сезоната и на финалето. Следните шест години ги помина во Лос Анџелес Клиперс кои тогаш играа во Сан Диего, а кариерата ја заврши во Бостон Селтикс со кој освои уште една круна.
Неговиот дрес со број 32 е пензиониран од страна на Портланд.
„Бил Волтон навистина беше посебен. Како играч од Куќата на славните, ја редефинираше позицијата центар. Неговите единствени вештини направија да ја добие наградата МВП во регуларната сезона и во финалето, две титули во НБА и да стане дел од најдобрите 50 играчи на сите времиња“, рече меѓудругото комесарот на НБА лигата, Адам Силвер.
