Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска – еден од најсилните гласови на македонската изворна песна
Македонија

Почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска – еден од најсилните гласови на македонската изворна песна

30/01/2026

AA

Македонската музичка сцена изгуби едно од своите најпрепознатливи и најавтентични имиња. По кратко боледување, во Гостивар почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска – доајенот на македонската изворна песна и еден од најпосветените чувари на егејското музичко наследство. Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиното семејство преку социјалните мрежи.

Палазова остана запаметена како исклучителен интерпретатор на безвременски егејски песни, меѓу кои и „Сношти отидех џанам“, со кои остави длабока трага во македонскиот фолклор. Нејзиниот музички пат започна во популарната емисија „Вие пред микрофон“, каде што со изведбата на песната „Врни се, врни, либе Мариче“ ја освои првата награда и ја најави својата долга и плодна кариера.

Од 1960-тите години, Костадинка Палазова активно настапуваше и снимаше, градејќи препознатлив стил и оставајќи зад себе богат музички опус. Родена е во 1939 година во кукушкото село Сехово, од каде што животниот пат ја одвел најпрво во Гевгелија, а потоа и во Гаково, Војводина, каде што го завршила третото одделение. По сопствена желба се вратила во Вардарска Македонија и се населила во селото Зубовце, во гостиварскиот регион, каде што живееше со децении.

Палазова е особено позната и по песните посветени на Гоце Делчев и војводите од кукушкиот крај. Во својата кариера сними околу 40 песни, меѓу кои и авторски дела како „Филка мома моле бога“.

Настапувала заедно со најголемите имиња на македонскиот музички фолклор – Васка Илиева, Есма Реџепова и Кочо Петровски. За својот долгогодишен придонес ја доби наградата за животно дело на фестивалот „Роса“, по повод 50 години музичко творештво.

Во 2016 година, во Гостивар беше организиран голем велигденски концерт во нејзина чест, како симболично признание за нејзиниот огромен придонес во зачувувањето и афирмацијата на македонската изворна песна. Со заминувањето на Костадинка Палазова Ѓорѓиоска, македонската култура изгуби глас што ќе остане трајно врежан во колективната меморија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy