
Почина Енвер Сулејмани, еден од најистакантите македонски спортски работници
Ненадејно денеска во Тетово почина Енвер Сулејмани, еден од најистакантите македонски спортски работници.
Македонскиот прволигаш Воска Спорт преку социјалните мрежи ја потврди смртта на Енвер Сулејмани.
Клубот соопшти дека смртта на Сулејмани е изненадна за семејството и блиските. Тој во својата кариера како фудбалски работник беше еден од основоположниците на Шкендија, потоа работеше и во Ренова, а своевремено беше и заменик генерален секретар во Фудбалската федерација на Македонија.
Воска Спорт упати искрено сочувство до семејството и блиските на Сулејмани.
