Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
Регион

ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ ХРВАТИ: Му се слошило на плажа, не стасал до болница, годишно заработувал 500 милиони евра

01/08/2023

AA

ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ ХРВАТИ: Му се слошило на плажа, не стасал до болница, годишно заработувал 500 милиони евра

Хрватскиот бизнисмен Ивица Пивац (71) почина во понеделникот откако му се слошило на плажа.

Според хрватските медиуми, косопственикот и претседател на одборот на директори на Групацијата Пивац починал на пат кон болницата во Сплит.

– На Ивица му се слошило на плажата каде што се обиделе да го реанимираат, но за жал починал на пат кон КБЦ во Сплит – соопштија од Здружението Завојане.

Приказната за месната индустрија Браќа Пивац започнува во малиот град Вргорац во далматинската Загора во 1952 година.

– Започнавме како мала семејна продавница базирана на традицијата на преработка и сушење месо, а со зачувување на традиционалниот рецепт и квалитет, слушајќи ги потребите на пазарот и користејќи нови технологии, прераснавме во една од водечките месни индустрии во Хрватска – пишува на сајтот на Група Пивац.

„Јутарњи“ наведува дека семејниот бизнис започнал во раните осумдесетти години кога нивната месарница во Вргорац била откриена од ресторани и хотелиери на „Макарска“.

Пивац имаше 250 продавници само низ цела Хрватска.

Ивица раководеше со компанијата подеднакво со браќата Тончи и Невен. На чело на компанијата бил Ивица, агроном кој имал успешна кариера и како комерцијален директор во винаријата Вргорачка. Најстариот брат Тончи со децении купувал добиток на панаѓури кај татко му. На тие патувања често го придружувал и најмладиот брат Невен. Тончи почина во 2019 година на 70-годишна возраст.

Месната индустрија Браќа Пивац вклучува голем број поголеми и помали компании. Тие се мнозински сопственици на Краш и имаат голем пакет акции во Подравка. Освен во прехранбената индустрија, тие инвестираат и во хотелиерството и се сопственици на хотели во Макарска и хотели и хостели во Дубровник.

Хрватските медиуми јавуваат дека месната индустрија Браќе Пивац имала годишен приход од 500 милиони евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен

16/02/2026
Македонија

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за

16/02/2026
Македонија

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река

16/02/2026
Македонија

Воена вежба на Охридското Езеро: Македонски и белгиски војници утре

16/02/2026
Македонија

САМО ПЛАНОТ НА ТРАМП МОЖЕ ДА ДОНЕСЕ МИР ВО УКРАИНА

16/02/2026
Македонија

ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ВИКТОР ИЛИОСКИ ПРОНАЈДЕН МРТОВ Трагичен крај на потрагата по

16/02/2026
Македонија

ССМ утре ќе ја блокира Владата: Трендафилов најавува генерален штрајк 

16/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ОСТАНУВА ДОВЕРЛИВ ПАРТНЕР НА НАТО Продолжуваме со зајакнување на

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41541
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АРМ ЌЕ ПРИМИ НОВИ 300 ВОЈНИЦИ Наскоро ќе биде објавен конкурс

16/02/2026

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо

ГИ НАПАДНАЛ СО НОЖ МАЈКАТА И СОПРУГАТА Скопјанец уапсен за семејно насилство

16/02/2026

Скопјанец на 34-годишна возраст е уапсен вчера вечерта откако попладнето сопствените мајка и сопруга го пријавиле дека ги нападнал, а

Над 60 семејства без дом по излевањето на Зајаска Река во Кичево

16/02/2026

По излевањето на Зајаска Река, Кичево ги санира штетите од новите поплави што настанаа поради обилните врнежи од дожд. Над

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy