
ПОЧИНА ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ ЕВРОПЕЈЦИ: Раководеше со Hexagon, Hekpol и Securitas и стекна богатството од 10 милијарди евра
Еден од
најбогатите луѓе во Европа, Мелкер Шорлинг, почина во Шведска. На
неодамна објавената листа на најбогати луѓе во оваа земја, Шорлинг со богатство
проценето на 10 милијарди евра се најде на второто место, веднаш зад Стефан
Персон, поранешниот сопственик на светскиот синџир бутици H&M.
Шорлинг пораснал на село, неговиот татко имал фарма во
близина на градот Оребра. Поради тешкото и напорно воспитување уште како млад
решил да стане свој, самостоен и финансиски стабилен. Во своите 76 години живот
успеал во се.
Дипломирал на Факултетот за бизнис, економија и правo на
Универзитетот во Гетеборг.
Овој милијардер стоеше зад успешните компании како Hexagon,
Hekpol и Securitas, на чие чело дојде во 1987 година во време кога оваа
компанија специјализирана за безбедност го минуваше својот најлош период. Десет
години подоцна компанијата беше на врвот на светот во таа индустрија.
Шорлинг се пензионираше како CEO во 2017 година поради
здравствени проблеми, а го наследија неговите ќерки Софија и Марта, кои набрзо
ја презедоа компанијата со милијардерот Стефан Персон.
На листата на Форбс за најбогати луѓе објавена оваа година,
Шорлинг се најде на 184 место.
Почина во Никопинг, Шведска на 76-годишна возраст.
ФОТО: YouTube/Print Screen
