
Почина Александар Диневски, екс контраразузнавач, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ и осуденик во аферата Шпион!
Почина поранешниот контраразузнавач и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Диневски.
Тој е еден од осудените во аферата Шпион, која до денеска ја следат бројни контроверзи, а според обвинетите, се работи за целосно монтиран случај.
Веста за смртта на Диневски се шири преку социјалните мрежи.
„Уште една жртва на ШПИОН, по татко му и брат му, замина и АЛЕКСАНДАР ДИНЕВСКИ ДИНКА… Слава му!“, напиша новинарот Зоран Божиновски.
