Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина актерот Трајче Ѓоргиев
Македонија

Почина актерот Трајче Ѓоргиев

03/06/2023

AA

Ѓоргиев дипломира на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1991 г. Дел е од МНТ повеќе од триесет години – започнувајќи од првата улога како Акаст во „Мизантроп“ (1989), преку вработувањето во 1998 г. до големиот број на оддиграни улоги. Во 2005 година ја режира и игра во петте пантомими за една глумечка претстава „Човекот” од Марсел Марсо и со неа се стекнува со титулата магистер по пантомима, на Академијата за театар и филм „НАТФИЗ” во Софија, Бугарија. Дел е и од „Театар за пантомима“, летна школа на Кенјон колеџ, Гамбир, Охајо, 2008 г., а посетува и едногодишни специјалистички студии по пантомима во класата на проф. д-р Александар Илиев, на „НАТФИЗ“, 2005 – 2006 г.

Основач е и главен двигател на ПАНФИЗ, меѓународниот фестивал за пантомима и физички театар, фестивал кој 16 години опстојува, ја анимира публиката, го поддржува и оддржува овој жанр во театарската уметност и ги донесе кај нас некои од најдобрите светски пантомимичари.

Трајче Ѓорѓиев ќе изјави: „Јас се трудев преку формата да се дојде до суштината … за мене лично формата како почетно зрно на креирање една улога, нека е и најкратка што може да биде, е еден пат, еден начин да се дојде до суштината.“ Тоа е таа суштина, таа креација, тоа зрно кое го донесе и носеше во себе: дали во форма на кажан збор, движење или режија. Тоа е она што ќе остане зад него како вечен спомен и пример.

Тој е и ќе остане нашиот Густав во „Надвор од умот“ (1991), Пандар во „Троил и Кресида“ (1993), Ивковиќ во „Народен пратеник“ (1993), Чинели во „Јануари“ (1994), Спасе во „МКС“ (1995), Етјен во „Кројач за дами“ (1996), Сапорта Робесвјер во „Мисија“ (1998), Благоја Ќелавиот во „Немушт јазик“ (2000), Виргински во „Демони“ (2001), Силјан во „Писание“ (2002), Доктор Финаш во „Болва в уво“ (2007), Тетин Јаков во „Госпоѓа министерка“ (2009), Бу змијата во „Самовилско јајце“ (2011), Комесарот во „Подемот и падот на кабарето“ (2013), Фридрих Ниче во „Аферата Елсињор“ (2014), Степан Богданович Лиходеев во „Мајсторот и Маргарита“ (2015), Јанушек во „Прекината одисеја“ (2016), Бил Остин во „МАММА МIА!“ (2017) и Докторот во „Бесачи“ (2019). Настапува и во повеќе претстави за деца, кои се играле насекаде низ Македонија, па и таму каде што сѐ уште не дошол театар, и за него тоа претставува една благородна мисија во воспитувањето и културното образование на децата. Но, не само на сцената, тој и зад сцената создаваше театарската естетика и приказна. Театарски и видео режисер е од 1991 година, претежно како предводник на театарското студио во Културниот центар во Кочани. Како режисер се потпишува на претстави работени кај нас, но и во Србија и Словенија, меѓу кои: „Кралот Иби“ (1991), „Том Соер“ (1992), „Јане Задрогаз“ (1994 и 1999), „Емигранти“ (1995), „Настојник“ (1996), „Убавицата и  ѕверот“ и „Домот на Бернарда Алба“ (1998 и 2009), „Горски музиканти“ (2003), „Улица“ (2004), „Раце за пријателство“ и „Зимска бајка“ (2005), „Ромео и Џулиета“ (2006), „Без зборови“ (2011 – 2012), „Љубов“ (2012) и „Омнибус плус“ (2013). Во МНТ, во 2004 година ја режира претставата „Домарот“, а потоа и „Вишновата градина“ во 2010 и последната „Најкратки драми на светот“ во 2019 година. Режира и неколку комерцијални и музички видео спотови како и на три видео записи за невладината организација „Потрага по заедничка основа“; документарно-образовната серија во три епизоди „Азбука на пантомимата“ во 2003 година, како и документарниот филм „Осогово, луѓе, села“ во 2008-2009 г.

За својата долгогодишна и исполнета кариера добитник е на Гран при за најдобра претстава и најдобра режија на ДАФ, Кочани за претставата „Кралот  Иби“ во 1991 г., Гран при на ДАФ, Кочани, за претставите „Настојник“ во 1996 г., „Домот на Бернарда Алба“ во 1998 г., „Јане Задрогаз“ во 1999 г. и „Најкратки драми на светот“ во 2003 г. Во 2006 година е добитник на две големи награди за претставата „Човекот“ – награда за најдобра сценска игра на фестивалот „Златен рис“ во Бања Лука и наградата на директорите на фестивалот на Меѓународниот фестивал во Габрово, Бугарија.

Не остана само театарската сцена празна за харизматичниот и карактеристичен лик на Трајче Ѓорѓиев. Остана и телевизиското и филмско платно празно. Остана неговиот глас во надсинхонизациите и неговите улоги во серии, филмови и радиодрами да сведочат за овој голем актер: „Бумбари“ (1989), „Еурека“ (1991 – 1994), „Совенски Орфеј“ (1992), „Прекалени“ (1994), „Во светот на бајките“ (1997), „Македонски народни приказни“ (1996 – 1997, 2010), „Погрешно време“ (2000 – 2001), „Чекор пред времето“ (2003), „Големата вода“ (2004), „Обични луѓе“ (2005), „Нави“ (2006) „Турни ме да кинисам“ (2011) „Тврдокорни“ (2013), „Инсајдер“ (2017) и други.

Денот и времето за погребот и комеморација ќе бидат дополнително објавени.

Вечна му слава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ

29/11/2026
Македонија

ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА 4 ПАТНИ ПРАВЦИ Патиштата се проодни,

29/11/2026
Македонија

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА –

28/11/2026
Македонија

В НЕДЕЛА СНЕГ, ПОТОА ЌЕ СТЕГНЕ СТУДОТ Утрински температури од

28/11/2026
Македонија

ВОЗИЛО ИЗЛЕТА КАЈ ПАТОТ СТРАЖА-ГОСТИВАР Во тек е спасувачка акција

28/11/2026
Македонија

СКОПЈЕ ЌЕ ЈА ПРЕЧЕКА НОВАТА ГОДИНА БЕЗ ОГНОМЕТ НА ПЛОШТАДОТ

28/11/2026
Македонија

СЕ ЧИСТИ СНЕГОТ НА ПРЕВОИТЕ, ДЕЖУРНИТЕ НА ТЕРЕН Сите патни

28/11/2026
Македонија

БРУТАЛНОТО ПРЕТЕПУВАЊЕ ВО ГОСТИВАРСКО СЕ ИСТРАЖУВА КАКО УБИСТВО ВО ОБИД

28/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46985
  • Регион 4000
  • Свет 23
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ПОЛИЦИЈАТА ИСТРАЖУВА КОЈ ГО ФРЛИ НА ЗЕМЈА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ ВО ГОСТИВАР Симболот е вратен

29/11/2026

Полицијата истражува кои се сторителите што го симнаа македонското знаме од јарбол во центарот на Гостивар. Станува збор за државното

ЗАБРАНА ЗА КАМИОНИ НА 4 ПАТНИ ПРАВЦИ Патиштата се проодни, „Македонија пат“ апелира возачите да

29/11/2026

Сите патни правци се проодни, а екипите го расчистуваат снегот со сета расположлива механизација, соопшти утрово ЈП „Македонија пат“. Од

НЕМА ПОВРЕДЕНИ ВО ВОЗИЛОТО ШТО ИЗЛЕТА НА ПАТОТ СТРАЖА – ГОСТИВАР Автомобилот се движел со

28/11/2026

Нема повредени во возилото што вечерва излета на патниот правец од превојот Стража кон Гостивар, неофицијално дознава Плусинфо. Според првичните

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy