Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина актерката Соња Каранџуловска
Македонија

Почина актерката Соња Каранџуловска

26/05/2025

AA

Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина нашата колешка, актерката Соња Каранџуловска (1948 – 2025). Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, во првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работи од 1974 до 2014 година.

На сцената на МНТ, игра уште пред вработувањето. Прва улога и е Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), во режија на Илија Милчин. Следуваат, меѓу останатите, Ангелина во „Потоп“ (1974), Лиза Дроздова во „Бесови“ (1978), Малтескињата Лезли во „Кенгурски скок“ (1979), Валерија во „Лов на диви пајки“ (1979), Паулина во „Череп“ (1980), Рената во „Војна и мир во Груда“ (1981), Нора во „Габи“ (1982), Анка во „Госпоѓа министерка“ (1983), Доли, пудлата, во „Воена тајна“ (1984), Мараја во „Слободни врски“ (1984), Клара во „Големиот брилјантен валцер“ (1986), Марија Луиса Балванера во „Еригон“ (1999), Болничарка во „Мара/Сад“ (2008), а последна и е улогата во „Троил и Кресида“ (2010).

Особено значајна и карактеристична и е монодрамата „Клитемнестра“, во продукција на Македонски народен театар, Скопје, а чија премиера е на 9 октомври 2002 година,. Истата година со оваа претстава настапува на Фестивал на монодрама во Битола, фестивалот на монодрама во Земун и на „Барско лето“, Бар, во 2003 година. „Клитемнестра“ е разултат на она што ја карактеризираше Каранџуловска – желбата да се биде на сцена, огромната амбиција кон големите дела и беспрекорната работливост што ја красеше.

Покрај во театар, игра и на филм: „Новогодишен карусел“ (ТВ филм, 1979), „Томе од бензиската пумпа“ (ТВ филм, 1979), „Време води“ (1980), „Хај-фај“ ТВ филм, 1987), „Пикасо“ (ТВ филм, 1987), „Марија лета со авион“ (ТВ филм, 1988), „Денес, утре“ (ТВ филм, 1998) и „Година на мајмунот“ (2018). Игра и во сериите: „Македонски народни приказни“ (од 1994 до 2017), „На наш начин“, „Легенди и преданија“, „Трето доба“, „Погрешно време“, „Обични луѓе“, „Од денес за утре“, „Турни ме да кинисам“, „Приказни од животот“ и „Преспав“.

Македонскиот народен театар сочувствува со болката на семејството, пријателите и колегите. Вечна и слава!

РСМ НУ Македонски народен театар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и

20/06/2026
Македонија

Коалицијата „Менуваме“ најавува протест и бара правда за лицата со

20/06/2026
Македонија

Алиу: Еден вработен куца електронска картичка за петмина колеги во

20/06/2026
Македонија

Кои се клучни приоритети на Националната стратегија за спречување на

20/06/2026
Македонија

Новиот руски амбасадор се сретна со Архиепископот Стефан

20/06/2026
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43840
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Железницата запира: Десет дена без возови кон Велес, Битола и Гевгелија

20/06/2026

Од 22 јуни до 1 јули 2026 година се укинуваат повеќе патнички возови низ државата. Најпогодени се релациите кон Велес,

Коалицијата „Менуваме“ најавува протест и бара правда за лицата со попреченост

20/06/2026

Протест на 25 јуни пред Министерството за социјална политика Коалицијата „Менуваме“ најави протест на 25 јуни во 17:30 часот пред

Алиу: Еден вработен куца електронска картичка за петмина колеги во исто време

20/06/2026

Еден вработен куца електронска картичка за петмина колеги во исто време, додека тие воопшто не се појавуваат на работно место

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy