
Почина актерката Ратка Радмановиќ
На 83 годишна возраст почина актерката Ратка Радмановиќ, потврдиле од Народниот театар во Битола.
Таа беше позната театарска, филмска и телевизиска глумица. Родена во Кочани во 1940, а најголем дел од кариерата работела во Битолскиот театар.
Се прослави како веќе пензионирана актерка со впечатливи улоги во филмовите „Сенки“, „Мајки“ и „Врба“, а исто така има глумено и во „Пред дождот“, „Прашина“ и „Кајмак“ на Манчевски, како и во „Преку езерото“ на Антонио Митриќески, „Џипски меџик“ и „До балчак“ на Столе Попов, „Големата вода“ на Иво Трајков, „Година на мајмунот“ на Блажевски, „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, „Кога денот немаше име“ на Теона Митевска.
