
Почина 66-годишен скопјанец откако во тешка здравствена состојба бил донесен на клинички
На 11.08.2025 во 17:20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во тешка здравствена состојба кај нив бил донесен Р.Љ.(66) од Скопје, кој подоцна починал.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.