Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОБРЗАЈТЕ: Утре завршува првото пријавување на учениците за упис во прва година
Македонија

ПОБРЗАЈТЕ: Утре завршува првото пријавување на учениците за упис во прва година

20/06/2023

AA

Првото пријавување на учениците за упис во прва година во јавните средни училишта за учебната 2023-2024 година ќе заврши утре во 15 часот. Дотогаш ученците може да ги пополнуваат своите пријави (апликации). Потоа системот ќе биде затворен за онлајн-аплицирање од ученици, кое се спроведува преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена на 22 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет-страницата www.mon.gov.mk најдоцна до 9 часот.

Учениците потоа ќе треба да ја достават потребната документација до училиштата – на 22 јуни од 12 до 19 часот и на 23 јуни од 7 до 19 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Министерството за образование и наука соопшти дека пријавата за запишување е составен дел од апликацијата која е потребно да се пополни и да се испечати по објавување на ранг-листата.

-Учениците кои се на листата, ја доставуваат потребната документација за запишување до училиштето во утврдените рокови. Пополнетата електронска пријава од страна на учениците може да се генерира со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги. Истата може да се повлече преку порталот за е-услуги на МОН, преку печатење со сивото копче печати во сегментот Мои апликации на порталот – по отворање на електронската пријава на ученикот, информираше МОН.

Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 24 јуни најдоцна до 12 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Второто пријавување на учениците овој месец е 27-28 јуни, ранг-листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни, на 29 и 30 јуни е доставувањето на потребената документација до училиштата и на 1 јули 2023 е објавување на конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Месечно се издаваат над 2 милиони рецепти“ – Клековски најавува

07/04/2026
Македонија

ПАДНА КРИМИНАЛНА ГРУПА, УАПСЕНИ ВО ТРИ ГРАДА Претреси на 15

07/04/2026
Македонија

Клековски: Здравството во Македонија со соодветни издвојувања, но со високи

07/04/2026
Македонија

Уапсени седум лица – сузбиена организирана криминална група инволвирана во

07/04/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ГО ЗАЈАКНУВА ПАРТНЕРСТВОТО СО САД Во Вашингтон ќе се

07/04/2026
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42214
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Месечно се издаваат над 2 милиони рецепти“ – Клековски најавува реформи во ФЗО, дигитален рецепт

07/04/2026

Во Македонија се издаваат повеќе од два милиони рецепти месечно, односно над 24 милиони на годишно ниво, со вкупна вредност

ПАДНА КРИМИНАЛНА ГРУПА, УАПСЕНИ ВО ТРИ ГРАДА Претреси на 15 локации, запленети се дрога, оружје,

07/04/2026

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со СВР Струмица, како и припадници на ЕБР и САЕ

Клековски: Здравството во Македонија со соодветни издвојувања, но со високи очекувања од граѓаните

07/04/2026

Директорот на Фонд за здравствено осигурување на Македонија, Сашо Клековски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ говореше за издвојувањата за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy