
Победа за Реал што живот значи: Аталанта го надигра европскиот првак, но скапо ги плати своите грешки (ВИДЕО)
Натпреварот почна возбудливо на двете страни, но првиот удар го зададе Реал. Во десеттата минута Брахим Дијаз го проигра Мбапе на врвот на шеснаесетникот, Французинот имаше одличен прв контакт со топката, се ослободи од противничкиот дефанзивец, а потоа успеа да ја затресе мрежата на Аталанта. Домаќините по примениот гол заиграа офанзивно, како што тие знаат. Шансите се редеа пред голот на Куртоа, а важен момент беше излегувањето од игра на Мбапе кој се повредив во 35. минута. Пред истекот на полувремето Аталанта дојде до израмнување откако Чуамени лошо реагираше во сопственикот шеснаесетник и направи пенал кој во гол го претвори Де Кетеларе.
Клучниот момент на мечот се случи во 56. минута кога Винисиус доби подарок од еден домашен фудбалер и повторно го донесе Реал во водство иако неговиот тим во тој период беше во подредена ситуација. Уште играчите на Аталанта не беа опоравени од шокот, Белингам донесе предност од 3-1 и создаде предност која излезе недостижна за Реал. Локман во 65. минута намали на еден гол негатива, Аталанта до крајот беше апсолутно подобар противник и во 94. минута имаше зицер преку Ретеги, но не успеа да дојде барем до бод.
Ако се земе предвид статистиката, Аталанта беше апсолутно подобар противник, упати 20 шута, имаше 55% посед на топка и голема иницијатива во текот на целиот меч, но одбраната направи три катастрофални грешки, а напаѓачите не ги искористија своите шанси во клучните моменти.
Со оваа победа, Реал дојде до девет бода и со две победи во последните две кола би можел да обезбеди директен пласман во осминафиналето,
Во второто дерби вечерва, Баер Леверкузен го совлада Интер со 1-0, благодарение на голот на Мукиеле во 90. минута.
РЕЗУЛТАТИ
Динамо – Селтик 0-0
Жирона – Ливерпул 0-1
Аталанта – Реал 2-3
Баер – Интер 1-0
Брест – ПСВ 1-0
Бриж – Спортинг 2-1
Лајпциг – Астон Вила 2-3
Салцбург – ПСЖ 0-3
Шахтар – Баерн 1-5
