
Побарале венчаница, им издале умреница – шок за синот и снаата на Стевче Јакимовски
Верувале или не. Датумот од свадба македонските институции го претворија во датум на смрт. Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски денеска во јавноста излезе со документ на неговиот син Дамјан и снаата Сашка.
Имено, тие побарале венчаница, но Матичната служба при Министерството за правда им издала умреница.
„Мојот син и мојата снајка побараа извод од матичната книга на венчани, и истите имаат добиено извод од матична книга на умрени. Денот кога била нивната свадба е ставен како ден на нивната смрт. Можете ли да замислите овие млади луѓе, годишнината од брак секоја година на што ќе ги потсеќа и во каков шок се наоѓаат“, вели Јакимовски.
Ова не е прв пат од матично да добиеме погрешен документ, или пак во истиот да имате грешка во вашите лични податоци.