Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Два месеци по одземање на лиценцата, фирмата на Љупчо Пецов – Ѓаволот добила тендер за Пошта
Македонија

Два месеци по одземање на лиценцата, фирмата на Љупчо Пецов – Ѓаволот добила тендер за Пошта

05/08/2025

AA

Иако по Љупчо Пецов – Ѓаволот е распишана меѓународна потерница, неговата компанија „Тритерол петрол“ продолжува непречено да добива државни тендери. Според информациите што ги објави телевизија Телма, од 3 ноември 2023 година до денес, фирмата добила вкупно 136 тендери со вредност над 300 милиони денари, односно над 5 милиони евра.

Се работи за јавни претпријатија, училишта, градинки и општини.

Пецов е осомничен за злосторничко здружување и даночна измама во големи размери, како дел од случајот „Синџир“, во кој буџетот бил оштетен за осум милиони евра преку лажни фактури. Иако 22 лица беа обвинети, против Пецов немаше обвинение бидејќи е недостапен за органите на прогонот.

Телма откри дека Пецов неодамна бил забележан во Скопје – посетил нотар и лекар, а Обвинителството обезбедило видео снимки како доказ. Неговиот адвокат, и покрај тоа што Пецов е во бегство, побарал притворот да му биде заменет со поблаги мерки, нудејќи гаранција во имот од еден милион евра.

Иако на компанијата во април ѝ беше одземена лиценцата за трговија со нафтени деривати на големо, таа и понатаму добива договори со државни институции – последниот е потпишан со Македонска пошта во јуни, два месеца по укинувањето на лиценцата.

Пецов и претходно бил инволвиран во финансиски скандали – во 2013 година тој и неговите родители беа осудени во случајот „Керозин“, каде што, преку фирмата „Алма Комерц“, оштетиле државниот буџет за речиси три милиони евра. Тогаш беше осуден на девет години затвор, казна што подоцна му беше намалена на седум.

И покрај сите сомнежи и судски постапки, институциите и понатаму склучуваат договори со компанијата на осомничениот бизнисмен, кој според истрагата, најверојатно се крие во Бугарија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy