
По врнежите од дожд: Поплавени деловни објекти и куќа во Велес
РЦУК Велес информира дека поради обилните врнежи од дожд (кој не траеле повеќе од десетина минути), добиле информација за поплава на 2 деловни објекта на улица Благој Горев.
По кратката интервенција на 3 пожарникари (чистење на затната шахта) поплавата била санирана без поголеми штети.
Во 18.37 добиена е нова дојава за поплавена куќа на улица В.Атанасов 22 во населба Превалец. Екипа со 3 пожарникари, едно ПП возило со пумпа беа на терен за санирање на штетата.
Поплавени се простории во приземјето.