
По три години, Јанкулоска утрово излезе од затворот „Идризово“
Поранешната министерка ја издржуваше четиригодишната затворска казна од септември 2020 година откако беше правосилно осудена во случајот „Тенк“ за набавката на владиниот луксузен „мерцедес“
Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи, утрово излезе од затворот „Идризово“. Ова за „360 Степени“ го потврди сопругот и адвокат на Јанкулоска, Влатко Илиевски.
„Гордана утрово излезе од затвор. Сега е важно да ги почитува препораките кои се придружени со условниот отпуст“,
посочи Илиевски.
Излегувањето од затвор е со условен отпуст по одлука донесена од Апелација – доколку до крајот на септември следната година не направи ново кривично дело.
Таа по три години и еден месец излезе од затвор откако Апелацискиот суд во Скопје ја уважи нејзината молба за условен отпуст од натамошно издржување на затворската казна за случајот „Тенк“.
