
По трет пат одложено судењето за родилката Јилдиз Веапоска од Дебар
Трет пат се одложува судското рочиште во Основниот суд во Струга за родилката Јилдиз Веапоска која тврди дека во 2020 по породувањето во Струга, и биле извадени неколку органи.
Рочишттео се одложи бидејќи не дојде адвокатот на обвинетата лекарка Лилјана Јованоскa. Судскиот процес продолжува на 9 мај.
Оштетената Веапоска вели дека случајот почнал со одложувања од самиот почеток, но се надева дека ќе дојде ден кога правдата ќе победи.
Обвинителството лани во мај поднесе обвинение против поранешниот директор на болницата во Струга и гинеколог Мухамед Асани и уште двајца негови колеги, за тешки дела против здравјето на луѓето.
