Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По смртта на 18 мигранти во напуштен камион во Бугарија, полицијата откри синџир на шверцери
Регион

По смртта на 18 мигранти во напуштен камион во Бугарија, полицијата откри синџир на шверцери

18/02/2023

AA

Шестмината обвинети се во притвор, а по еден од осомничените шверцери кој успеал да побегне е распишана и европска потерница.

Полицијата во Бугарија денеска соопшти дека разбила синџир шверцери, кои се наводно одговорни за смртта на 18 мигранти пронајдени во напуштен камион во петокот на пат во близина на Софија. 

Главниот државен обвинител Борислав Сарафов во Софија зборуваше за „организирана криминална група“ која собира мигранти на надворешната граница на Европската унија со Турција и ги носи на патот на граничниот премин со Србија, јавува ДПА.

Во петокот, полицијата го откри камионот на смртта и откри безживотни тела на 18 мигранти од Авганистан, меѓу кои и деца, скриени под дрвја и прошверцувани од Турција, за кои се верува дека се задушиле во напуштениот камион.

Останатите 34 лица од камионот се пренесени во болница и се во стабилна состојба.

Бугарското државно обвинителство покрена обвинение против шест лица за трговија со луѓе и смрт на мигранти.

Сарафов рече дека 18 жртви починале од недостиг на кислород во затворениот простор и отежнато дишење бидејќи биле затворени „како во лименка“.

– Жртвите починаа полека и болно – пренесува Ројтерс.

Инспекторите рекоа дека возачот и неговиот колега го напуштиле камионот во селото Локорско, откако откриле дека многу од 52-та мигранти во скриените делови на камионот биле во несвест, а некои се мртви.

– Овој случај покажува крајна бесчувствителност и покажува дека за нив мигрантите се само стока што треба да се превезува од едно до друго место – рече тој.

Тој синџир шверцувал мигранти од турската граница преку Бугарија во Србија, од каде главно оделе во Британија, Германија, Франција.

– Крајната дестинација на мигрантите се главно Велика Британија и Франција – додаде истражителот, велејќи дека просечната цена на патувањето е од 6000 до 7000 евра по лице.

Бугарските шверцери добивале дел од парите – возачите по 100 евра по мигрант што го превезуваат, а лидерот на групата 1000 евра по лице, рече тој.

Поради илегална миграција, барањето на Бугарија за влез во Шенген зоната беше блокирано од Австрија и Холандија во декември 2022 година.

Мигрантите често ја минуваат надворешната граница на Европската унија на необележани премини за да избегнат да бидат регистрирани на официјалните гранични премини.

Границата „може да се помине многу едноставно со обична скала“, рече Сарафов, препорачувајќи да се преземат чекори за зајакнување на заштитата на границите.

Во 2017 година, Бугарија ја заврши изградбата на својата безбедносна жица за жилет на надворешната граница на ЕУ со Турција.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy