Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По сметките за бифтеците, Маричиќ ги избегнува ручеците: „Инсистирам на кратки средби“
Македонија

По сметките за бифтеците, Маричиќ ги избегнува ручеците: „Инсистирам на кратки средби“

24/02/2023

AA

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервјуто за „Макфакс“ говореше и за гоштавањата на државна сметка.

Трошењата ги правдаше со ручеци со странци, а на укажувањето дека Европејците ги претставува како ненајадени, тој имаше свое објаснување.

„Дури со амбасадорите сега инсистирам да бидат скратени средби и ретко се случуваат тие ручеци – кога се најнеопходни. Некои од тие ручеци во последно време сум ги платил и од сопствен џеб. Не велам дека е нормално да се јаде на државна сметка. Но, ако во една година сте имале посета на претседател на Европскиот суд за човекови права, и тоа прва по 20 години, три дена, и сте биле домаќин – дел од програмата е да ги однесете гостите од странство на ручек. Друг пример, имало министри за правда што доаѓале – сме ги однеле на вечера на разни места“, посочи Маричиќ.

При анализата на извештаите не секогаш се гледаше гоштавање на државна сметка со странска делегација, на што Маричиќ даде свое видување.

„При гостувањето на двајца министри за европски прашања, на Ирска и Данска или Естонија, сме испиле неколку кафиња, а тие нешто јаделе“, рече Маричиќ.

Маричиќ даде одговор и на прашањето која е разликата помеѓу актуелната Влада и владата на ВМРО-ДПМНЕ, која исто така трошеше од државната сметка за јадење и пиење.

„Најслатка е храната што ја готвам во домашни услови со блиските. Никогаш не ми била слатка храна на туѓа сметка, а особено не на државна. На тоа сум гледал како на дел од работата“, одговара Маричиќ на прашањето дали е послатка храната купена од државна сметка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПИЈАНА КАВАДАРЧАНКА СО НОЖ ГО ПОВРЕДИЛА СОПРУГОТ Со 2,61 промили

25/01/2026
Македонија

ЈА СЛЕДЕЛЕ, ПА НАСИЛА ЈА ОДНЕЛЕ СО КОЛА Скопјанка киднапирана

25/01/2026
Македонија

Грабната 23 годишна девојка од Скопје

25/01/2026
Македонија

ЗОШТО МАКЕДОНСКИОТ ПАСОШ Е БОРДО? Симболика и значење на боите

25/01/2026
Македонија

ЗА ПОМАЛКУ ЖРТВИ НА ПАТОТ „Безбеден град“ работи автоматски и

25/01/2026
Македонија

Хоас на гробиштата во Ѓорче Петров: Се степаа за паркинг

25/01/2026
Македонија

„Безбеден град“ се шири во Куманово и Тетово: Денеска тест-блокади

25/01/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ ЗАГИНА ВО АВТОКОМАНДА Три страшни сообраќајни несреќи, еден починат

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40599
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПИЈАНА КАВАДАРЧАНКА СО НОЖ ГО ПОВРЕДИЛА СОПРУГОТ Со 2,61 промили алкохол направила хаос во семејниот

25/01/2026

30-годишна жена од Кавадарци утрово била приведена откако, според пријавата, со остар предмет го повредила својот сопруг во семејниот дом.

ЈА СЛЕДЕЛЕ, ПА НАСИЛА ЈА ОДНЕЛЕ СО КОЛА Скопјанка киднапирана во Струга, кривична за четворица

25/01/2026

Вчера попладне во Струга се случи сериозен инцидент, откако четворица мажи од Скопје се обвинети за насилно однесување на 23-годишна

Грабната 23 годишна девојка од Скопје

25/01/2026

Вистинска драма се одвивала на улиците на Струга, каде четири лица од Скопје организирале и извршиле грабнување на 23-годишна девојка.

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy