
По скандалозниот подкаст со Латас: Кожувчанка побара јутјуберот Лазаров да го тргне нивното лого
Компанијата Кожувчанка, чиј производ е и „Синалко“, а чие лого се најде истакнато во скандалозниот подкаст на јутјуберот Стефан Лазаров со водителот Драган Павловиќ – Латас, се огради и побара нејзиното лого да се тргне.
Првиот човек на компанијата, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев за „Фокус” вели дека не е помеѓу спонзорите на Лазаров.
„Кожувчанка, односно Синалко е компанија која е општествено одговорна и каде се води грижа за општеството од секој аспект. Не го спонзорираме шоуто на јутјуберот Лазаров, а по емисијата во која се зборува за насилство над девојки и жени, веднаш бараме тој да го тргне нашето лого. Остануваме доследни на нашите начела и ја даваме поддршката на проекти за кои веруваме дека се општествено корисни“, вели Јанчев за Фокус.