Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПО СКАНДАЛОТ: Бљерим Османи именуван за нов организациски директор на тетовската болница
Македонија

ПО СКАНДАЛОТ: Бљерим Османи именуван за нов организациски директор на тетовската болница

20/04/2023

AA

Бљерим Османи е именуван за нов организациски директор на Клиничката болница во Тетово, откако министерот за здравство Фатмир Меџити го разреши досегашниот организациски директор Арменд Фазљиу по случувањата со анестезиологот Ваљтон Дервиши вработен во оваа болница кој на социјалната мрежа Тикток објави видео во живо од тетовска Гинекологија.

Османи за неговото именување се пофали на својот Фејсбук профил, и порача дека со работа и посветеност ќе го даде најдоброто од себе.

-На оваа средба во братски дух од Арменд бев информиран за досегашниот тек на работата, функционирањето, обврските и проектите во иднина. Честитав поради покажаната подготвеност и дадениот придонес. Им благодарам на сите кои не поддржаа периодов – семејството, пријателите, колегите, сопартијците. Задачите што ги добиваме од нашиот лидер Али Ахмети се привилегија, но во исто време и одговорност и не обврзуваат да бидеме уште попосветени и достоинствено да ги реализираме!, напиша Османи.

Инаку, на предлог од Обвинителството од страна на судија на претходна постапка од Основниот суд Тетово на 16 април годинава определена е мерка притвор во траење од осум дена за 43-годишниот лекар – анестезиолог од тетовско Одри кој на социјалните мрежи во живо снимаше и емитуваше пациенти и медицински персонал. До определување на мерката доаѓа откако Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против обвинетиот за кривични дела „несовесно работење во службата“, како и „неовластено снимање“ според чл.152 ст.2 од Кривичниот законик.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота

06/11/2026
Македонија

НЕКОИ СУДИИ ГИ РУШАТ СТАНДАРДИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Врховниот суд треба

06/11/2026
Македонија

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА

06/11/2026
Македонија

ИЗВЕШТАЈОТ Е ЈАСЕН, НЕМА ЗЛОУПОТРЕБИ СО ЕВРОПСКОТО ЗНАМЕНЦЕ Тоа не

06/11/2026
Македонија

ЗА ЗНАМ НЕМА ОТСТАПКИ КОН БУГАРИЈА БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Движењето останува

06/11/2026
Македонија

НА 60 ГОДИНИ ЈА ТЕРАЛ 80-ГОДИШНАТА МАЈКА ДА ПИТАЧИ Жената

06/11/2026
Македонија

ПАНИКАТА ШТО ЈА ШИРИ ФИЛИПЧЕ МОЖЕ ДА ИМ НАШТЕТИ НА

06/11/2026
Македонија

НАРОДНА БАНКА ОРГАНИЗИРА ПРЕВОЗ ДО БИТОЛА И НАЗАД Клиентите од

06/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46639
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИКЕНД СО СОНЧЕВИ ПЕРИОДИ, ОД ПОНЕДЕЛНИК ДОЖД Температурата в сабота ќе достигне 18 степени

06/11/2026

Времето в сабота, 7 ноември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава

НЕКОИ СУДИИ ГИ РУШАТ СТАНДАРДИТЕ ВО ПРАВОСУДСТВОТО Врховниот суд треба да даде одговори за „Ласкарци“

06/11/2026

Поединци во судството ги рушат стандардите што се постигнати со законските измени и со напорите на институциите за подобрување на

ЌЕ НАПРАВАТ ЛИ ИЛЈАДА КРАВИ ТАЛКАЧИ КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА ПАЛАНКА? Ако нема коj друг,

06/11/2026

Повеќе од 1.000 грла крупен добиток, според процената на локалните власти, неконтролирано се движат низ Кривопаланечко, уништуваат насади и оштетуваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy