
По речиси два месеца, Арсенал победи на гости (ВИДЕО)
Тоа е прва победа за „топчиите“ на гостински терен во новата година и прва по пауза од речиси два месеца откако на 5 декември славеше кај Лутон. Малку недостасуваше и вечерва да остане без триумф иако водеше со 2-0.
Се што беше важно на мечот се случи во второто полувреме. Габриел Жезус и Сака во период од седум минути му донесоа убедлива предност на Арсенал и се чинеше дека се е готово на овој меч. Сепак, домаќините намалија преку Авонији во 89. минута, а во судиското продолжение имаа уште една шанса со која можеа да дојдат до бод.
Со оваа победа, Арсенал стигна до 46 бода и е на второто место на табелата, но има еден меч повеќе од лидерот Ливерпул и два од третопласираниот Манчестер Сити.