Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По речиси 19 години, Атлетико ја победи Барселона како гостин (ВИДЕО)
Спорт

По речиси 19 години, Атлетико ја победи Барселона како гостин (ВИДЕО)

21/12/2024

AA

Големото дерби од 19. коло на Ла Лига меѓу двете водечки екипи на табелата ја потврди кризата во која се наоѓа Барселона, а која трае речиси два месеца.

Атлетико славеше со 2-1 на Монжуик и првпат по февруари 2006 година ја победи Барса како гостин, сметајќи ги сите натпреварувања. Воедно, ова е и прва победа на Диего Симеоне против каталонскиот тим на гостински терен откако е тренер на Атлетико и по 17 меча во кои не успеа да дојде до триумф.

Каталонскиот тим беше многу подобар противник вечерва, но бадијала кога повторно не го искористи тоа и остана со само една победа во последните седум кола од шпанското првенство. Во првото полувреме создаде 3-4 големи шанси за гол, па погодокот на Педри во 30. минута дојде како круна на таквата игра. Во воведните 45 минути Атлетико не упати ниеден удар кон голот на Барселона, а само неколку пати успеа да го помине центарот на теренот. На стартот од вториот дел Фермин Лопез имаше зицер за можеби да ги реши, но Облак го одбрани неговиот удар.

Тоа се покажа исклучително важен момент на натпреварот затоа што неколку минути подоцна Де Пол успеа да го израмни резултатот и да внесе неизвесност во последниот половина час. Барселона повторно доминираше, создаде шанси, но пак не ги искористи, а казната за тоа стигна во 96. минута. Молина центрираше од десната страна, двајца фудбалери на Барселона ја промашија топката и таа дојде до Сорлот кој од неколку метри го совлада Пења.

Ова е седма победа по ред за Атлетико кој сигурно ќе ја заврши годината на челната позиција на табелата и ќе ја задржи предноста пред Реал. Од друга страна, Барса го претрпе третиот пораз во низа на домашен терен и од сигурен лидер пред еден месец, можно е утре да падне на третата позиција на крајот од првата половина на првенството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy